Ќе се реализира проект за зголемување на капацитетот на постоечкиот фотоволтаичен систем на ЈОУДДГ „Планински цвет“ во Вевчани. За таа цел беше потпишан договорот за грант во Министерство за локална самоуправа од страна на градоначалникот на општина Вевчани, Спасе Кочовски.

Како резултат на активен проектен менаџмент во континуитет обезбедуваме значителни финансиски средства за капитални инвестиции во општина Вевчани. Реализацијата на проектот за зголемување на капацитетот на постоечкиот фотоволтаичен систем за производство на електрична енергија за сопствени потреби на детската градинка ЈОУДДГ „Планински цвет“ Вевчани на 39.75 kWp ќе биде најголем инсталиран капацитет на фотоволтаичен систем на јавните објекти во општина Вевчани, посочува Кочовски.

Воедно, информира дека со реализацијата на проектот ќе се придонесе кон заштита на животната средина преку намалување на емисиите на CO₂, производство на електрична енергија за сопствени потреби на детската градинка од обновливи извори на енергија, како и долгорочни заштеди на трошоци за електрична енергија и за затоплување на објектот на детската градинка.

Инвестираме во енергетската ефикасност и подобра иднина за сите нас, додава Кочовски.

OhridNews