Во рамките на Програмата за поддршка за рурален развој на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, се реализираат активности за целосно реновирање и унапредување на клучните метеоролошки станици на национално ниво, информираат од Управата за хидрометеороложки рабори (УХМР).

Паралелно со тоа, планирано е и реновирање на главната метеоролошка станица во Охрид, која претставува клучна точка за мониторинг на климатските услови во југозападниот дел од државата и околината на Охридското Езеро. Со модернизацијата ќе се обезбеди поголема точност и доверливост на податоците, неопходни за поддршка на земјоделските активности, туризмот и заштитата на овој чувствителен екосистем, велат од УХМР.
Со овие вложувања, потенцираат, значително се зајакнува националната метеоролошка инфраструктура, се унапредуваат капацитетите за следење на временските услови и се обезбедува повисок квалитет на метеоролошките услуги за земјоделските производители ширум државата.
OhridNews












