Потпишана Повелба за соработка и збратимување помеѓу Интернационалната полициска асоцијација, регион Охрид – Република Македонија и Интернационалната полициска асоцијација, регион Егнатија – Република Албанија.
На свеченоста во поздравното обраќање, Перчо Божиновски, како претставник од Локалната самоуправа истакна дека Повелбата за збратимување е доказ за меѓусебното разбирање, желба и потреба за кооперативност, заемно помагање на двата ИПА региона и двете национални секции на сите нивоа, со цел ширење на ИПА идеите и доказ за билатералната меѓународна професионална ИПА полициска соработка.
Тоа е чекор плус кон подигнување на степенот на безбедноста во нашите средини и пошироко. Соработувајте, почитувајте се меѓусебно, давајте го максимумот за јакнење на вашите секции и региони, посветено работете во интерес на вашите ИПА членови и пријатели, јакнете го ИПА семејството, личното пријателство, личниот и професионалниот интегритет, духовниот, културниот и општествениот развој на нашите општества и држави. Општина Охрид е ваш пријател и тука сме за секаква поддршка на активностите на ИПА Охрид кои се значајни за охриѓани, за нас како Локална самоуправа, но и и за пошироката заедница, рече Божиновски.

OhridNews












