Со поддршка на Општина Охрид, а во организација на Младинскиот локален совет и Културолошката иницијатива „5 до 12“ се реализира проектот „Урбана уметност”.
Во рамки на активностите изработен е мурал, на ѕидовите на спортската сала од ОСУ „Св. Климент Охридски“, информираат од Општина Охрид.
Автори на муралот се професорите Жанета Стаиќ, Филип Гугоски и Михаил Јанески.
Проектот „Урбана уметност“ е дел од Програмата за млади и невладини организации на Општина Охрид за 2022 година.
OhridNews













