1-0 е резултатот со кој завршија мечевите на охридските второлигашки во осмата рунда. “Рибарите“ благодарение на голот од пенал на Карамачоски се радуваа на победата над Миравци, додека во 88 минута најдобриот стрелец во втората лига Костовски со глава го скрши отпорот на “градежниците“.


Охрид 2004

1 погодок за голманот Карамачоски во првенството, прв пенал во корист на “рибарите“.

2 место на табелата, ист број на бодови со Миравци послаба гол разлика.

3 трет домашен триумф без примен гол.

4 меч сезонава мирува мрежата на Карамачоски, остана недопрена против Ринија (2-0), Еуромилк (0-1), Влазерими (2-0) и Миравци (1-0)

5 победа во првенството пет примени гола, пет плус е гол разликата.  

6 жолти картони на мечот со Миравци (Мартиноски, Митрески, Илоски, Клечкароски, Дејкоски, Китрозоски)

7 Карамачоски е седмото име во листата на стрелци за Охрид. Нически три пати, И. Клечкароски два пати, по еднаш Дејкоски, Китрозоски, Мартиноски, и Д. Клечкароски.

8 рунди, пет победи, два порази и едно реми

9 во наредното деветто коло гостуваат кај Дрита.

10 постигнати погодоци во досега одиграните осум кола, петти напад во лигата по ефикасност.

11 место е Дрита , наредниот противник на Охрид.

16 бода од можни 24

500 гледачи го проследија дерби мечот одигран во Струга.

Охрид Лоте

1 плус еден е гол разликата во корист на Охрид Лоте

2 меч сезонава на кој не постигнуваат погодок. Втор меч кој завршува со идентичен пораз 1-0 . Во четвртото коло на гостински терен пораз од Миравци со 1-0.

3 пораз сезонава, сите на гости. Три жолти картони на мечот со Еуромилк (Пресилски, Чашитоски, Димовски),

4 гола на капитенот Толески кој е најдобриот стрелец во составот на “градежниците“.

6 на шест натпревари успеаа да постигнат погодок, двата меча на кои не постигнаа гол ги загубија со 1-0.

7 фудбалери ја затресле мрежата на противникот, Толески четири пати, Димоски три пати, М. Стојаноски два пати, Трајаноски, Волчески, Стисниоски, А. Стојаноски по еднаш.

8 рунди , четири победи, едно реми, и три порази.

9 во наредното коло играат на домашен терен со трето пласираниот Тиквеш.

13 примени погодоци заедно со Дрита ја имаат втората најслабата одбрана во лигата. Најмногу примени погодоци има Влазерими 16.

13 освоени бода од можни 18.

14 постигнати погодоци, втор најефикасен напад во лигата.

300 гледачи го проследија мечот кој се одигра во Лисиче.

М.П.