Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 7.188 тестирања, а регистрирани се 1.375 нови случаи на Ковид-19, двајца починати и 217 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство.

Од 1.375-те  новозаболени од Скопје се 852, Битола – 135, Прилеп – 70, Куманово и Кавадарци – по 38, Охрид и Штип – по 25, Струмица – 21, Ресен – 18, Тетово и Гевгелија – по 14, Неготино – 13, Гостивар, Велес и Радовиш – по 10, Валандово – 9, Пробиштип, Демир Хисар и Крушево – по 8, Кичево и Богданци – по 7, Делчево и Крива Паланка – по 6, Кочани – 5, Струга, Виница, Македонски Брод и Свети Николе – по 3, Дебар, Кратово и Пехчево – по 2.

Од двајцата починати пациенти едниот е од Скопје (75г), а другиот од Кавадарци (61г). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Регистрирани сe 217 оздравени пациенти од: Скопје – 116, Охрид – 13, Прилеп – 12, Битола – 10, Струмица и Куманово – по 9, Кавадарци – 8, Гевгелија – 4, Велес, Штип, Кичево, Ресен, Крива Паланка и Берово – по 3, Струга, Валандово, Демир Хисар, Крушево, Македонски Брод и Делчево – по 2, Тетово, Кочани, Свети Николе, Радовиш Пробиштип и Богданци – по 1.

Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој Термин“, пријавени се две лица, по едно лице од Тетово (84г) и Делчево (74г), починати на 28.12.2021 и 02.01.2022г. Пријавените се починати во домашни услови.

Направени се 7.188 тестови преку: ИЈЗ-411, ЦЈЗ Скопје-96, ЦЈЗ Битола-110, ЦЈЗ Прилеп-68, ЦЈЗ Тетово–15, ЦЈЗ Куманово-112, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-2, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –1, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–177, Жан Митрев (Филип Втори)-234, Авицена-394, Биотек-515, Систина-125, лабораторија Лаор-410, Синлаб-42, Ремедика-18, Плодност-134, Генеа-26, Никоб лаб-763, ВФВ Медикал-106, Ели Медика-98, Ројал Медика–82, Спектра-ММ-35, Рапид Лаб–20, Жан Митрев Струмица–56, Нова Лаб Дијагностика–13, Рамус-28, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 3.097.

Досега во земјата се направени вкупно 1.626.464 тестирања на Ковид-19. Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 228.540, бројот на оздравени пациенти е 213.722, на починати е 8.000, а на активни случаи изнесува 6.818.

OhridNews