Кошаркарите на Охрид доживеаја пораз на домашен терен во 8 коло од 1 лига, група А. Попладнево во “Билјанини извори” Охрид загуби од екипата на Водно Санс 59:68.

Гостите ја добија првата четвртина 11:21 и таа предност со мали осцилации ја одржуваа до самиот крај. Охрид намали во втората, 17:15, гостите возвратија во третата 16:18, а последната им припадна на домашните 15:14.

Фото галерија:

Пораз на ГКК Охрид во ” Билјанини извори”

Г.М.

Фото: Анамарија Момироска