Заклучно со 28 август 2021 година, до 21:00 часот, во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК во Охрид и Струга потребните потписи за кандидати за градоначалници ги собраа Сенат Усеиновски, кандидат за градоначалник на општина Охрид, додека продолжува собирањето потписи за Насто Палиоски, кандидат за градоначалник на општина Струга, велат податоците од Државната изборна комисија.

Потребните потписите за листи на кандидати за членови на совет на општина Охрид ги собрале следните групи избирачи: Група избирачи Арбен Демироски, листа на кандидати за членови на совет на општина Охрид, Група избирачи Антонио Наумовски, листа на кандидати за членови на совет на општина Охрид, Група избирачи Димитар Веќановски, листа на кандидати за членови на совет на општина Охрид, се додава во соопштението од ДИК.

Потребните потписите за листи на кандидати за членови на совет на општина Дебрца ги собрале: Група избирачи Димче Андрески, листа на кандидати за членови на совет на општина Дебарца и Група избирачи Зоран Ногачески, листа на кандидати за членови на совет на општина Дебарца.

Додека пак собирањето на потписи продолжува за: Група избирачи Стевче Стевоски, листа на кандидати за членови на совет на општина Охрид, како и за Група избирачи Александар Николовски, листа на кандидати за членови на совет на општина Дебарца, стои во соопштението од ДИК.

Заклучно со 28 август 2021 година, до 21:00 часот, во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија потребните потписите за учество на локалните избори ги собрале 18 кандидати за градоначалници, а за уште 15 кандидати продолжува процедурата. Како што соопшти ДИК, во истиот период во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК потребните потписите ги собрале 38 независни групи избирачи, а за 26 продолжува процедурата.

Подрачните одделенија и канцеларии на ДИК денеска ќе работат до 21 часот, а утре до 24 часот, кога и истекува законскиот рок за собирање потписи.

OhridNews