Според проценките на европските букмејкери, репрезентацијата на Шпанија е главен фаворит за освојување на титулата на претстојното Европско првенство во кошарка.

 

Шансите на Шпанија за одбрана на титулата од претходниот шампионат во Полска се 2,05, следна репрезентација на листата е Литванија, која ќе биде домаќин на првенството со коефициент 4, а на Србија која во Полска го освои сребрениот медал и е даден коефициент 9 за евентуално освојување на титулата.

Кошаркарската репрезентација на Македонија се наоѓа на 16-то место на листата можни европски шампиони. Нашата репрезентација заедно со националните тимови на Босна и Херцеговина, Полска и Латвија, од букмејкерите доби коефициент 301. Тоа значи дека за еден вложен денар, доколку Македонија ја освои титулата би се заработиле 301 денари.

Европското првенство во Литванија ќе се одржи од 31.август до 18.септември.

“Макфакс“
Ohridnews