Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на Република Македонија 1 јануари 2009 година (четврток), Нова година, е неработен ден за сите граѓани на државава.
Истовремено, министерството на сите граѓани во Македонија им ја честита Новата 2009 година.












