Во рамките на 5. коло од Првата македонска фудбалска лига (жени), на стадионот во Струга, екипата на Пелистер Про 2026 забележа минимална победа од 1:0 против АС Јунајтед.

Единствениот гол на натпреварот го постигна Марковска во 56. минута, со што Пелистер стигна до нови три бода.

Особено се истакна охриѓанката Мелиса Димитриоска, која беше најдобра на теренот и одигра одличен натпревар во дресот на Пелистер.

По одиграното 5. коло, на врвот на табелата е Љуботен со 13 бодови, пред Скопје 2014 со 12, додека Тиверија Брера и Пелистер Про 2026 имаат по 10 бодови.

Табела
1. Љуботен 13
2. Скопје 2014 12
3. Тиверија Брера 10
4. Пелистер Про 2026 10
5. АС Јунајтед 9
6. Каменица Саса 9
7. Истатов 2005 6
8. Речица 1
9. Кочани 1
10. Вардар 2022 0

OhridNews