И на почетокот од овој месец септември правиме избор од 10 книги од областа на белетристиката кои од денес им се достапни на читателите. Топ листата ( редоследот ) е случаен, не ја одразува нивната содржина ниту популарноста на авторите.
Романите се изданија на издавачките куќи: Антолог, Матица македонска и Сакам книги.
Денеска е 1 септември и НУ Библиотека „Григор Прличев“ им посакува среќна учебна година на сите основци и средношколци, посебно на првачињата. Сите, ако уште не станале членови на Библиотеката ги поканува да го сторат тоа. Годишната членарина за нив е 200 а за возрасни 300 денари, велат од НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид.
OhridNews












