Човек лилјак

Јас сум потполно нормално момче благодарејќи на мојата мајка. Таа ми велеше дека можам се, па дури и да возам авион ако тоа навистина го сакам. Никогаш спрема мене не се однесуваше како да сум поинаков или помалку способен, раскажува Ben Underwood (14) од Сакараменто САД.


Новинарите кои го пратеа се уверија дека тој игра кошарка, оди на училиште, вози скејтборд, ролери и велосипед, си игра со врсниците. И по се е обичен тинејџер. Вистината е дека тој всушност е повеќе од тоа. Во третата година го изгубил видот. Се што прави му успева исто како на лилјаците или делфините. Кога тој оди по улица цело време потпукнува со јазикот. Звукот што се одбива од ѕидовите и тротоарите му се враќа и му дава јасна ментална слика за светот што го опкружува. Со таа дарба може слободно да ги избегнува паркираните автомобили додека вози ролери или трча низ ходниците без страв дека со некого ќе се судри. Таа неверојатна способност се вика ехолокација. Сообраќајот не му прави проблем бидејќи тој слуша звуци, а што повеќе ги има тоа неговата перцепција за околината е поголема. Не станува ни збор дека нешто го збунува, напротив. Со годините тој развил таков слух и со помош на тие звуци тој може да разликува дали пред него има дрвен, метален или стаклен предмет и исто така во зависност од јачината на звукот ја одредува меѓусебната оддалеченост на тие предмети. Кога прв пат ќе се појави кај некој доктор, тој мисли дека Бен се шегува и дека воопшто не е слеп бидејќи се однесува како човек што гледа.