10 одобренија за градба се издадени во Охрид во март годинава, во Струга едно, велат податоците од Државниот завод за статистика.

Од нив седум одобренија се за инвестирање на физички лица, а три за правни субјекти. Предвидена е изградба на 7 станови со вкупна површина од 902 м². Во Струга е издадено едно одобрение на физичко лице.

ДЗС информира дека на ниво на држава во март годинава се издадени 373 одобренија за градење, што е за 10,4 проценти повеќе во однос на март лани.

Предвидената вредност на објектите што ќе се градат според издадените одобренија изнесува 4 585 341 000 денари, и е за 12.1 проценти помалку во однос на март лани. Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 182 (48,8 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 69 (18,5 проценти) од нискоградба и 122 (32,7 проценти) за објекти за реконструкција, велат од ДЗС.

Во соопштението додаваат дека како инвеститори на 195 објекти (52,3 проценти) се јавуваат физички лица, а на 178 (47,7 проценти) инвеститори се деловни субјекти. Во извештајниот период е предвидена изградба на 501 стан, со вкупна корисна површина од 45 333 метри квадратни.

OhridNews