Уште 100 дена преостануваат до почетокот на јубилејното 20-то Светско првенство во фудбал, кое ќе се одржи во Бразил од 12 јуни до 13 јули.


На трофејот „Жил Риме“ ќе атакуваат 32 селекции поделени во осум групи по четири репрезентации. Честа да го отвори мундијалот ќе има домаќинот против селекцијта на Хрватска.

Покрај Бразил изразити фаворити за златното одличје од најголемиот фудбалски спектакл се Аргентина, Франција, Германија, Шпанија, Италија и Англија.

Мх.П.