Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров со седумте гола на квалификацискиот меч со Португалија стигна до бројката 1002 гола за Македонија.

Во репрезентативната кариера ракометарот на Атлетико Мадрид, Лазаров со 61 гол ја предводеше Македонија до петтото место на Европското првенство во Србија. На мундијалот во Хрватска, македонскиот бомбардер стана најдобриот стрелец на сите времиња со 92 погодоци.

Лазаров во блиска иднина може да го поправи фантастичнит скор бидејќи заедно со селекцијата на Македонија обезбедија учество на Светското првенство во Шпанија наредната година.

Мх.П.