Охрид деновиве е центар на кошарката. Покрај натпреварите од ЕП во Словенија на малите екрани, охриѓани и гостите имаат можност да следат врвна кошарка во спортската сала „Билјанини извори“ каде во тек е турнирот „Охрид трофеј 2013“. Вчера на програмата беа полуфиналните средби во кои екипте на МЗТ Скопје и Раднички Крагуевац забележаa победи над Металац Ваљево и Лукоил Академик од Софија. Победниците ќе се сретнат во финалето што се игра вечерва во 20.30 минути, а во 18 часот поразените од полуфиналните средби ќе се борат за 3-то место.

Покрај квалитетна кошарка предвидена е и забавна програма за гледачите, а најсреќниот ќе има можност да заработи 10.000 денари. Имено, на полувремето од финалниот натпревар МЗТ Скопје – Раднички К.(20.30), еден гледач кој што ќе биде извлечен според серискиот број од влезницата ќе има три обиди да погоди тројка од центарот на игралиштето.

Турнирот „Охрид трофеј 2013“ се одржува во организација на ЈП „Билјанини извори“ и општина Охрид во соработка со Кошаркарската федерација на Македонија. Турнирот е подржан од спонзори и помагатели, а OhridNews e медиумските покровител. 

OhridNews