
Во предговорот на изданието, самиот автор објаснува како почнал да пишува афиризми, за на крајот, објаснувајќи го поднасловот на книгата, да додаде дека од илјада-и-еден „афоризам” што ви ги нудам, останува во надеж дека барем еден од нив e духовит и ве насмеал. Во врска со патоказите во насловот Силјановски заклучува и прашува: „во младоста бев фасциниран од поезијата, посебно од француските симбоилисти, најпосебно од Бодлер. Никогаш не ги заборавив неговите стихови од збирката „Сплин” – „Во пустината на духот оаза на очајот. Веќе погодувате каде целам со овие патокази?”
Љупчо Силјановски е познат наш поет, раскажувач, драматург, тв-автор, сатиричар. Автор е на три романа, две книги раскази и две драми, како и на поетските книги „Јагула”, „Зимски обед”, „Церебрална спална”, „Лична карта” и др. Објавил и десетина книги за деца и младинци.
OhridNews











