Во последните 24 часа направени се 1.299 тестирања, а регистрирани се 101 нови случаи на Ковид-19. Во Скопје се регистрирани 59 случаи, во Кавадарци – 10, Битола – 8, Прилеп – 7, Штип – 3, Тетово, Гостивар, Велес, Кочани и Неготино – по 2,  Кичево, Ресен, Валандово и Македонски Брод  по 1 случај.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 13 починати лица: 6 починати лица од Скопје (39г, 71г, 74г, 77г, 80г и 81г), 2 починати лица од Куманово (75г и 80г), и по едно починато лице од Берово (77г), Битола (69г), Велес (71г), Македонска Каменица (35г) и Ресен (76г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се 4 починати лица со датум на смрт од 29.11.2021 до 04.12.2021. Регистрираните починати лица се од Скопје (2), Струмица (1), Битола (1). Починатите лица се на возраст од 58 до 78 години. Три лица се починати во домашни услови и едно лице починат во болнички услови. Согласно податоците, во Охрид биле регистрирани 37 случаи на Ковид-19.
Досега во земјата се направени вкупно 1.485.944 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 217.400, бројот на оздравени пациенти е 203.967, на починати е 7.658, а бројот на активни случаи изнесува 5.775.

 

OhridNews