Утре се навршуваат 103 години од раѓањето на Мајка Тереза, родена на 26 август 1910 година во Скопје.ПО тој повод, денес, во главниот град на земјава се одржуваат низа активности со кои ќе се одбележи роденденот на Мајк аТереза.

Мајка Тереза (Агнеза Гонџа Бојаџиу) израснала во добро ситуирано католичко семејство. Од своите родители била воспитувана религиозно. Нејзиното семејство било познато по добрината, благоста, великодушноста и милосрдието кон сиромашните. Уште на возраст од 12 години младата Агнеза се одлучила да влезе во манастир и да го посвети својот живот на Бога.

На 10 јуни 1970 Мајка Тереза за првпат од своето заминување во 1928 година се враќа во своето родно Скопје, во 1978 година повторно го посетува родниот град, а пак на 27 јуни 1980 година, во својата трета посета е прогласена за почесен граѓанин на нејзиниот роден град Скопје, а наредниот ден и службено ја отвори Куќата на Сестрите Мисионерки на Љубовта. На 19 септември 1986 година при четвртата и последна посета на Мајка Тереза купена е сегашната куќа на Сестрите Мисионерки на Љубовта во Скопје.

Мајка Тереза почина на 5 септември 1997 година во Калкута. Папата Иван Павле Втори процедурата за беатификација ја покрена една година по нејзината смрт, наместо како што е вообичаено, по пет години. По завршувањето на процесот за беатификацијата на Мајка Тереза, на 19 октомври 2003 година Папата Иван Павле Втори ја прогласи за Блажена.

OhridNews