На 27 февруари се навршуваат точно сто години од смртта на охридскиот гемиџија Марко Бошњаков. По тој повод во куќата во која се родил македонскиот патриот ќе се одржи чествување.
На 28 април 1903 година Марко Бошњаков заедно со Јордан Поп Јорданов, Димитар Мечев – Мечето, Константин Кирков, Илија Трчков, Владимир Пингов, Георги Богданов, Иван Арсов, Костадин Кирков, Тодор Органџиев, Тодор Богданов, Илија Поп Јорданов, Алексо Минев(сите од Велес) Павел Шатев од Кратово, Начо Стојанов, Гоце Чанев, унгарката Ана Шапец и други, ја извеле најголемата терористичка акција во своето време против османлиската империја.
Гемиџиите во воздух ги дигнале бродот “Гвадалкивир”, Банк Отоман, гасоводните цевки, Гранд Хотел Солун, кафеаните “Ал хамбра” и “Ноја” и “Бошнак-ан”. Бил урнат Германскиот клуб, кафеаната “Египет”, како и неколку други локали.
Така завршува акцијата на македонските атентатори, кои во продолжение на четири дена сеат ужас кај турската власт и населението. Во битка со војската и полицијата се убиени Орце Поп Јорданов, Константин Кирков, Димитар Мечев, Илија Трчков, Владимир Пингов и Цветко Наумов. Уапсени се Павел Шатев, Марко Бошнаков, Милан Арсов и Георги Богданов. Тие отпрвин се осудени на смрт, но подоцна пресудата им е заменета со заточение во Фезан (Африка).Таму Марко Бошњаков умира а преживеаните гемиџии како што претходно се договориле главата на починатиот Марко Бошњаков ја донеле во Охрид каде била закопана.
OhridNews