Во Охрид востанието кое го предводел војводата Христо Узунов се одвивало во осумдесетина села. Кај Рашанец охридските востаници за да го спасат населението од терор и колеж формирале бегалски логор каде имало 2000 луѓе. Логорот го обезбедувале 120 востаници кои не можеле да се спротистават на 3000 турски аскер во одмазничкиот налет. Масакрот во Рашанец траел 15 часа. Околу 200 мажи и жени биле убиени, а сите преживеани моми и жени биле силувани. На турска страна загинале 200 војници.
По повод големиот национален празник во охридско Велгошти синоќа се одржа голем народен собир. Празникот денеска ќе биде одбележан и во Плаќе, чиј патрон е Св. Илија на кого е посветена селската црква. Таму денеска ќе биде изведен импровизиран напад на селото од комити, ќе биде положено свежо цвеќе и ќе се одржи историски час пред споменикот на паднатите борци.
Во рамките на прославата, на која ќе присуствуваат претставници на локалната самоуправа, ќе биде пуштена во употреба реновираната селска чешма.