На денешен ден во Охрид е роден Иван Точко, истакнат современ македонски писател и новинар.
Учесник бил во НОВ на Македонија. Работеел како новинар во „Нова Македонија“, во Радио Скопје, а бил и уредник на списанието „Македонија“.
Автор е на збирките раскази „Бојана“, „Акорди“, „Прстен“, „Раскази“, „Лебедова песна“, „Премиера“, како и на новелите „Вино за душите“ и „Грев“.
Последно негово објавено дело е драмата во осум сцени „Плуто“.
Умрел во Скопје, на 12 ноември 1973 година.
OhridNews