Министерството за здравство ја објави листата на најдобро рангирани 100 доктори во јавните здравствени установи, согласно критериумите од проектот за плаќање по успешност за месец февруари.

Меѓу нив се и седум доктори од здравствените установи во Охрид и четворица од болниците во Струга.

Меѓу 100- те ТОП доктори се и Тоде Клишески и Гордана Доневска од Генерална група при ЈЗУ Завод за Кардиоваскуларни заболувања – Охрид и пет доктори од охридската Општа болница: Наум Љатко- Анестезија и реанимација, Петар Бачевски- Дерматологија, Добрила Зимоска- Педијатрија, Милчо Стефановски- Хирургија и Охридија Филева- Гинекологија.

Меѓу најдобрите според плаќањето по успешност за месец февруари се и четворица доктори од струшката Општа болница: Зоран Ѓорѓески- Офталмологија, Радован Кузмановски- Педијатрија, Боро Домазетоски- Интерна и Мирко Лекоски- Хирургија.

Наградените доктори стануваат дел од „Клуб 100-најдобри доктори“, добиваат парична награда од 30.000 денари и истовремено имаат право на вршење дополнителна дејност во матичната институција каде работат, како и во останатите јавни здравствени установи.

Нивното рангирање е извршено според остварениот учинок во месец февруари, бројот на извршени интервенции, типот на извршени интервенции, реализирани обуки и слично.