11 медали и два пехари за стрелците од охридските клубови на Меѓународниот турнир по спортско стрелаштво „ЗПГ-2026“
28.04.26 10:47
12 учесници, дури 11 медали и два пехари за стрелците од охридските клубови „Охрид’’ и „Лихнидос“ на Меѓународниот турнир по спортско стрелаштво „ЗПГ-2026“ година што викендов се одржа во Сандански, Бугарија.
Кај јуниорите на пиштол најуспешен беше Иван Милевски со резултат од 359 кругови, на втората позиција се пласира Климент Мостро со резултат од 351 кругови, додека на третата позиција се пласира Никола Тодороски со резултат од 344 кругови. Кај јуниорките на пиштол најуспешна беше Стефани Савеска со резултат од 345 кругови. Кај жени пиштол првопласирана беше Стефанија Вељаноска со резултат од 539 круга, додека Наталија Савеска се пласира на вицешампионската позиција со резултат од 516 кругови. Вицешампионска позиција и кај мажите на пиштол за Велибор Балоски со резултат од 505 кругови.
Кај девојките на пушка истотака вицешампионска титула за Теодора Спироска со резултат од 397,4 круга, додека третопласирана заврши Тамара Кичеец со резултат од 386,4 круга. Големо изненадување кај јуниорите на пушка приреди Марко Трпески, за кого ова е прв настап на меѓународен Турнир пласирајќи се на третата позиција со резултат од 373,1 круга. Солиден настап и прва позиција за Јован Баулоски во млади јуниори со резултат од 388,1 кругови. Од сите пријавени учесници од двата охридски клуба, единствено младиот Андреј Серафиноски, за кого ова е прв настап на меѓународен Турнир, не успеа да се искачи на пиедесталот, па заврши како 4-то пласиран.
И во конечниот пласман според освоени места СК „Охрид“ го освои сребрениот пехар, додека ЖСК „Лихнидос“ го освои бронзениот пехар.
Паралелно со ова натпреварување, во Скопје се одржуваше и Меѓународниот турнир во гаѓање со огнено оружје, каде истотака учество зедоа членови на охридските клубови. Најголемо изненедување со извонредно добар резултат од 87 кругови од 10 истрели приреди Милица Кочовска и пласман на првата позиција во жени пиштол на 25 метри.
Веќе наредниот месец стрелците ќе земат учество на вториот Куп со воздушно оружје, но и на два последователни турнири со огнено оружје кои ќе се одржат во Скопје и на стрелиштето Бејбунар во Охрид.
Во рамките на 5 коло од Првата македонска фудбалска лига (жени), на стадионот во Струга, екипата на Пелистер Про 2026 забележа минимална победа од 1:0 против АС Јунајтед Единствениот гол на натпрев...
Oд утре 18092026 година (петок) целосно за сообраќај ќе биде затворен дел од улицата „7- ми Ноември“ и тоа од пресекот на оваа улица со ул „Егејска“ па се до пресекот на оваа улица со ул „Марко Нес...
Челични конструкции колку 11 катници се спуштаат во земјата за да се стабилизира земјиштето и изгради најтешкиот дел од автопатот Охрид – Кичево кај Ботун Специфичните услови на теренот, комб...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.