Во последните 24 часа направени се 2.974 тестирања, а регистрирани се 393 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во Скопје – 187, Куманово – 34, Велес – 30, Штип – 21, Прилеп – 14, Охрид и Струмица – по 11, Крива Паланка – 10, Тетово и Кичево – по 8, Битола, Кавадарци и Пробиштип – по 7, Кочани – 6, Виница – 5, Гевгелија, Радовиш, Берово и Македонска Каменица – по 4, Ресен и Богданци – по 3, Кратово – 2, Делчево, Македонски Брод и Демир Хисар – по 1. Регистрирани сe 397 оздравени пациенти од нив во Охрид 10.

Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 5 починати лица, со датум на смрт од 21.09.2021 до 02.10.2021 година. Регистрирани се 3 лица од Скопје и 2 лица од Тетово на возраст од 52 до 78 години. Од пријавените лица, 4 се починати во болнички услови, а едно лице е починато во домашни услови.
OhridNews












