“Фенерџијата“ во првата македонската фудбалска лига, 11 Октомвири подготовките за пролетниот дел од сезоната ќе ги продолжи во Охрид. Прилепчани во градот под Самоиловата тврдина ќе останат десетина дена каде треба да се консолидираат и да ја воиграат екипата.


Првиот дел од подготовките го одбработивме во Прилеп, вториот го започнавме со пријателскиот натпревар со Миравци. Задоволен сум од сработеното, во Охрид одиме да се “усовршиме“, и да собереме сили за опстанок во прволигашкото друштво – потенцираше тренерот на прилепчани Трајче Илијоски.


11 Октомври во Охрид ќе одигра пријателски средби со второлигашите Македонија ЃП, Еуромилк и Охрид Лоте. Голем плус за “црвено белите“ е враќањето на искусниот Тони Мегленски, а во преден план на подготовките треба да бидат засилувањата од Охрид односно Србија, Саше Ѓорески и Миодраг Јовановиќ.

Мх.П.