П.С.У „Јахја Кемал“ на 17 декември (недела) со почеток во 11 часот го организира 11-ти натпревар по англиски јазик за доделување на стипендии. Основните училишта и предметни наставници по англиски јазик во електронска форма можат да пријават најмногу 10 ученици од своето училиште. Краен рок за пријавување е 15 декмври, информираат од училиштето.

Од денот на отварањето и почетокот на реализација на воспитно-образовна дејност, П.С.У “Јахја Кемал” постојано организира или е домаќин на повеќе научни, социјални, културни, спортски и други активности. Целта на овие активности е да се мотивираат учениците да посветат повеќе внимание на науката и образованието, а како резултат на постигнатиот успех од натпреварите да се наградуваат и да им се доделат стипендии за упис во нашето училиште, велат од училиштето.

Додаваат дека за П.С.У „Јахја Кемал“ – Боговиње-Тетово можат да се пријавуваат училиштата на општините од Тетово, Гостивар, Боговиње, Желино, Брвеница, Јегуновце, Теарце, Врапчиште и Маврово-Ростуше преку email адреса [email protected], додека за П.С.У “Јахја Кемал“ – Струга можат да се пријавуваат училиштата на општините Струга, Охрид, Вевчани и Дебарца. Преку email адреса [email protected].

OhridNews