Сто и седум училишта од 15 земји од средна и источна Европа учествуваат на меѓународниот настан на Академијата на средно европски училишта (АЦЕС) во Лашко, Словенија од 24 до 28 септември, со што се најавува овогодишниот циклус на натпреварување за прекугранични училишни партнерства. Темата на овогодишниот циклус е „медиумска писменост“, а дури единаесет училишта од Македонија се избрани да ги претстават своите проекти од вкупно 40 пријавени.
Дораја Еберле, член на Одборот на ЕРСТЕ Фондацијата е воодушевена од разновидноста на темите со кои проектите се занимаваат и додава: „Некои од училиштата ќе издадат училишен магазин, ќе емитираат своја радио програма или ќе направат видео. Други ќе ја анализираат содржината на медиумските пораки истражувајќи повеќе за огласувањето или проучувајќи го влијанието на насилството емитирано на ТВ. Сите овие активности ќе ги охрабрат учениците да имаат критички став и да станат одговорни набљудувачи, како и креатори на медиумски содржини.“
Учесниците на проектот и партнерите се среќаваат прв пат на овој настан, кој овозможува меѓусебно да се запознаат, да ги разработат натамошните активности во врска со проектите и да стекнат корисни вештини за управување со проектите, запознавање со нови методи на подучување и учење во врска со медиумската писменост. „Она што е најважно е учесниците меѓусебно да се познаваат и да научат да ги пребродат предрасудите кои можеби ги имаат кон луѓето од други националности или етничка припадност“, вели Рајнхард Екарт од Интеркултурниот центар.
АЦЕС мрежата за прекугранични училишни партнерства во 2006 година ја иницираше ЕРСТЕ Фондацијата, во соработка со Интеркултуралниот центар од Австрија и Вчели Дом од Словачка, а поддршка дадоа министерствата за образование од сите 15 земји учеснички. Целта на АЦЕС е да се овозможи и унапреди интеркултуралниот дијалог и соработка меѓу младите луѓе со цел да се создаде постојана мрежа преку која би се разменувало знаење, учење и иновации. До сега на АЦЕС натпреварите учествувале 400 училишта, 23.000 ученици и 3.000 наставници од 15 земји.
Оваа година следните училишта од Македонија учествуваат на АЦЕС натпреварот: ОУ „Кузман Јосифовски – Питу“ од Кичево, средното училиште „Гоце Делчев“ од Куманово, СУГС „Никола Карев“ од Скопје, АСУЦ „Боро Петрушевски“ од Скопје, ОУ „Ванчо Прке“ од Делчево, ПСУ „Петта Приватна Гимназија“ од Скопје, СОУ „Нико Нестор“ од Струга, ОУ „Св. Кирил и Методиј“ од Битола, СОУ „Ѓорче Петров“ од Прилеп, СУГС „Браќа Миладиновци“ од Скопје, и ОУ „Свети Климет Охридски“ од Скопје.