Со низа активности утре, 18-ти март, ќе биде одбележана 185 годишнината од раѓањето и 110 години од смртта на Кузман Шапкарев. Со почеток во 12 часот, во големата општинска сала ќе се одржи предавање за Новите факти за животот и делото на големиот охридски преродбеник и книжевен деец. Пред присутните ќе се обратат проф. Татјана Дурнева и проф. Д-р Томе Груевски.

Во 18 часот, во просториите на библиотеката „Григор Прличев“ ќе се одбележат 60 години  живот и 40 години од излегувањето на Првата книга „Гравири “ на Славе Ѓорѓо Димоски. Беседник ќе биде проф. д-р Димитар Пандев.

OhridNews