
За историското значење на овој чин, кој се смета за најголем успех на Охридската револуционерна организација говореше професор Вангелко Лозановски.
Историскиот чин се одиграл во манастирот Света Петка, во Велгошти на 6 јули 1901 година, што зборува за поврзаноста на Охрид и на велгоштани кон делото на Организацијата.
Во чест на 80-годишнината од формирањето на првата Охридска револуционелна чета, во манастирот Света Петка 22. јули 1981 година Месната заедница од Велгошти откри спомен-плоча.











