Во шумскиот појас на планината Караорман, во атарот на струшкото село Мислодежда, вчера, при координирана акција на полициските службеници од Единицата за брзо распоредување, Регионален центар за гранични работи – Запад, СВР Охрид, Шумска полиција и ЈП „Национални шуми“ при што лишени од слобода се 12 лица на возраст од 23 до 49 години, од кои од кои осум албански и четири државјани на РС Македонија, информира СВР Охрид.

  • Тие се затекнати при нелегална сеча на огревно дрво, при што на лице место биле пронајдени повеќе кубни метри исечена дрвна маса, теренски возила, камиони, трактори, моторни пили и секири. – стои во соопштението.
Запленет камион со дрва во струшко. Фото: СВР Охрид

 

Лицата се приведени во полициска станица, возилата со нелегално исечените дрва се одземени и предадени на Шумската полиција, а по целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава, се наведува во информацијата.

OhridNews