Доделени 12 сертификати на лица кои во периодот од февруари до април годинава го следеа третиот циклус обуки за негуватели на стари лица и лица со попреченост, информираат од ОО Црвен крст Охрид.

Овие обучените и сертифицирани негуватели сега се дел од Нега центар при Црвен крст Охрид и ќе можат да даваат помош и нега во домот на стари лица над 65 години, како и на лица со намален функционален капацитет и на лица со попреченост, додаваат од организацијата.

Воедно потсетуваат дека основната цел на Нега центар – Охрид е да го подобри и одржува здравјето на корисникот во неговото домашно опкружување.

OhridNews