
Во Охрид востанието кое го предводел војводата Христо Узунов се одвивало во осумдесеттина села. Кај Рашанец охридските востаници за да го спасат населението од терор и колеж формирале бегалски логор каде имало 2000 луѓе. Логорот го обезбедувале 120 востаници кои не можеле да се спротистават на 3000 турски аскер во одмазничкиот налет. Масакрот во Рашанец траел 15 часа. Околу 200 мажи и жени биле убиени, а сите преживеани моми и жени биле силувани. На турска страна загинале 200 војници

Охриѓани денеска им се поклонуваат на Илинденците кои несебично ги дадоа животите за слободата што во втората светска војна беше потврдена на вториот Илинден во манастирот Прохор Пчински каде на Првото заседание на АСНОМ беа удрени темелите на македонската современа држава.
Г.М.













