Нов обид за криумичарење поголема количина опојна дрога, македонските царински службеници спречиле  на граничниот премин Табановце.

Околу 122 килограми наркотична дрога „марихуана“, биле пронајдени во кровната конструкција на автобус со македонски регистарски таблички. Возилото сообраќало на релација Струга – Виена, а службениците на „Табановце“ го спречиле шверцот.

Како што соопштуваат од Министерството за внатрешни работи, истрага е во тек.

OhridNews