Иницијативниот одбор за ослободување на новинарот Томислав Кежаровски денеска во Собранието на Република Македонија предаде 123 маички со натпис „Слобода за Кежо“.
Новинарите апелираат до пратениците да ги носат маиците на седниците и со тоа да покажат поддршка на иницијативата Кежароски да се брани од слобода во судскиот процес против него.
Според најавите на скопскиот основен суд, на новинарот Кежароски кој се товари дека во натпис пред пет години објавил идентитет на заштитен сведок, ќе му се суди по итна постапка. Судењето треба да започне на 9-ти август.