Вкупно 13 142 граѓани ширум земјава, до вчера извршиле увид во Избирачкиот список во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија. Граѓаните имаат можност да проверат дали нивното име се наоѓа во списокот и доколку е потребно да интервенираат со цел да се дополнат или избришат некои податоци.

Доколку по завршувањето на јавниот увид не поднесат барање, граѓаните нема да имаат право да бидат запишани во Избирачкиот список за Локалните избори 2013.
Увидот во избирачкиот список започна на 26-ти јануари, а ќе трае до 9 февруари.
OhridNews












