На денешен ден во 2013-та започна успешната приказната на Гостилницата „Кај Мече“ во охридската населба „Коњско“. Тринаесет години подоцна гостилницата на познатиот угостител Горан Петрески – Мече, израсна во препознатлив угостителски бренд, каде со задоволство свратуваат гурманите од сите меридијани.

13 години Гостилница „Кај Мече“ – успешната приказна продолжува!

Кај „Мече“ се доаѓа да се ужива во добра храна, да се пробаат вкусни специјалитети во убав амбиент со квалитетна услуга. Кој дошол еднаш, се враќа пак. И така веќе 13 години Гостилница „Кај Мече“ е омилена дестинација на сладокусците.

Низ годините Гостилницата „Кај Мече“, растеше и се менуваше, но некои работи останаа непроменети, гостопримството и квалитетна храна по пристапни цени, комбинација која ретко каде се наоѓа, а по што овој угостителски објект е надалеку познат.

Г.М.