Советничката група ќе се залага за изградба на секундарна канализациска мрежа или за проширување на постојната канализациска мрежа во сите населени места каде што нема изградено секундарна канализациска мрежа. Во делот на одведувањето на атмосферските води ќе се залагаме за доизградба на атмосферската канализациска мрежа во самиот град, а во другите наслеби за уредување на одводните канали со што ќе се одвојат фекалните од отпадните води.
– Општината Охрид има голем проблем со несоодвтената регулација, одржување и користење на реката “Грашница“ и реката “Даљан“. Факт е дека големината на буџетот на општината не дозволува одвовјување на средства, ние ќе се залагаме за формирање на работна стручна група које ќе работи исклучиво на обезбедување на донации или други средства од Влдата на РМ и од пристапните фондови на ЕУ –истакна носителот на листата група избирачи Владо Цветкоски.











