Охрид треба да го презентираме како центар на се` славјанската култура и писменост – истакна на завршниот прес носителот на групата избирачи “13“ – Владо Цветкоски.

Охрид бил седиште на првиот словенски универзитет – Охридската книжевна школа, која е постара и од Болоњскиот универзитет. Реално е да се очекува нашиот туристички центар да биде посетуван пред се од туристи од славјанските земји, сметаат кандидатите  од оваа советничка група.

Советот на општината својот придонес во развојот на туризмот треба да го даде преку реинвестирање на туристичката такса во маркетиншкото промотивните активноски поврзани со оваа гранка – рече Цветкоски.

Советничката група ќе се залага Советот на општината на со закон пропишан начин да го надгледува работењето на органите, службите, установите и јавните претпријатија што ги основа единицата на локалната самоуправа.


Кандидатите од групата избирачи со реден број 13, ги повикаа охриѓани масовно да излезат на мартовските избори, да се ослободат од партиските стеги и гласот да го дадат за вредните и способните.

OHRIDNEWS