Развојот на младинскиот спорт и формирање на школски младински лиги во сите спортови ќе бидат една од заложбите на советничката група избирачи „В.Ц.“ – истакна Владо Цветкоски носителот на листата на група избирачи со реден бр. “13“.

Основните и средните училишта потпомогнати од општината треба да бидат носители на ваквите проекти. Културните манифестации не треба да се одвиваат само за врме на летната туристичка сезона, туку во текот на целата година сметаат кандидатите за советот.

На оОхрид му е потребно Средно медицинско училиште , затоa што  во блиска перспектива нашата општина треба да прерасне во регионален медицински и рехабилитационен центар бидејќи ги имаме најдборите природни и климатски услови– рече Владо Цветкоски.



Советничката група доколку влезе во советот ќе покрене иницијатива охридската касарна да прерасне во државен универзитет, каде ќе биде изграден студенски град со содветни сместувачки капацититети и други пропратни содржини неопходни за еден студенски живот.

OHRIDNEWS