Јавното Претпријатие  “Комуналец“ да се трансфорима во нови три нови јавни претпријатија – побара денес на прес конференцијата носителот на советничката листа на група избираци “ВЦ“ Владо Цветкоски.

Едно од трите претпријатија би се занимавало со јавната чистота, второто со уредување на парковите и одржување на гробиштата, додека третото би ја покрила работата во делот на јавните пазаришта и стопанисување со паркинг просторот.


Финасирањето на претпријатијата би се состоело дел од буџетот на локалната а дел со самофинасирање.

Со ваквата трансформација нема да ни се случуваат вакви работи како штрајкови и прекин на работата – истакна носителот на листата Владо Цветкоски.

ohridnews