13-те илјади потписи на граѓаните за враќање на дневната евтина тарифа, не добија подршка на вчерашната расправа во собраниската комисија за економски прашања.

Заменик-министерот за економија истакна дека, доколку бидат прифатени барањата на Граѓанската иницијатива „АМАН“, ќе се зголеми увозот на струја, односно ќе се оптоварат хидроцентралите во земјава. Тој додаде дека со предложение измени во Законот за енергетика, ќе дојде до поскапување на цените за електрична енергија поради зголемениот увоз.
 
Сепак, во идниот период постојат можности овие предложени измени да влезат на парламентарна седница, a последниот збор ќе го имаат пратениците, за тоа дали повторно ќе се воведе евтината дневна тарифа.

OhridNews