50 успешни проекти за младите, возрасните, невработените, жените и жителите во Охрид, Струга, Дебар, Кичево и Вевчани, како и многубројни образовни кампови, работилници, културно-забавни настани, кампањи за подигање на свеста и донаторски и волонтерски акции, се дел од биографијата на Локалната агенција за разво во изминатите 14 години.

По овој повод, Локална агенција за развој организира инфо настан на 21 јуни 2018 (четврток) во центарот на Струга кај Споменикот на револуцијата. Од 12 – 20 часот, каде ќе биде поставен штанд каде граѓаните ќе можат да се запознаат со активностите и идните планови на Локалната агенција и да дадат свои предлози за потенцијални проекти. За оние кои сакаат да си го проверат знаењето и среќата, од 17часот ќе  интерактивна игра на отворено за тимовите кои ќе се пријават и награди за најдобрите тимови.

Настанот „Успешните граѓански приказни на ЛАР“ е дел од годишната недела на Граѓански општествени организации во рамките на проектот на УСАИД за граѓанско учество.