Случајот е регистриран вчера во 18:15 часот на регионалниот пат Ресен-Охрид, кај село Косел,. Полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 14-годишник од Гостивар. Тој управувал патничко возило „БМВ“ со гостиварски регистарски ознаки, сопственост на 66-годишно лице од гостиварското село Форино, за кое постои сомнение дека претходно противправно го одзел од сопственикот.
Откако го забележале возилото, полициските службеници го запреле на регионалниот пат Охрид-Ресен и веднаш го исклучиле од сообраќај. Со малолетникот е извршен службен разговор во присуство на претставник од Центарот за социјални работи Охрид, по што тој е спроведен во ОВР Гостивар, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Возилото е вратено на сопственикот и по целосно документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.
Г.М.