
Шесткратниот олимписки првак самиот на социјалните мрежи објави фотографија на која се гледа како прима инфузија, поради што била покрената истрага.
Со новите антидопинг правила, интравенозната инфузија не им е дозволена на спортистите, освен ако станува збор за лечење препишано од доктор. Иако 33-годишниот пливач не користел забранета супстанца, самата интравенозна витаминска терапија која била извршена во приватна клиника му донесе казна.
Претходно, Лохти во 2016 година доби 10-месечна суспензија, бидејќи лажеше дека на Олимписките игри во Рио му се заканувале со пиштол.
OhridNews












