14 млади инженери од различни области денес ќе бидат наградени со инженерски прстен. Признанието им се доделува на најуспешните студенти коишто дипломирале на факултетите што негуваат инженерски дисциплини на четирите државни универзитети.

„Инженерски прстен 2025“ годинава се одржува по 22. пат. Манифестација е во организација на Инженерската институција на Македонија и на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, и под покровителство на претседателот на државата.
OhridNews











