14 советници од Охрид, Куманово, Росоман, Кисела Вода, Пробиштип, Карпош, Кавадарци и Старо Нагоричане преминаа во партијата на Стевче Јакимовски, ГРОМ.

Поголемиот дел од нив се независни советници, додека некои се од Српската напредна странка, односно по еден од НСДП на Тито Петковски и СДУ на Лазар Еленовски.

Како што потврдува Јакимоски, во тек се подготовките за настап на претседателските избори, каде ГРОМ ќе настапи со свој кандидат.

OhridNews