Министерството за труд и социјална политика соопшти дека 14 јуни, петок пред Духовден, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија.
Духовден или Дуовден e еден од најголемите 12 христијански празници. Се нарекува уште и Педесетница и е еден од најрадосните и најсветли празници во христијанството во кој се слави слегувањето на Светиот Дух врз апостолите на педесеттиот ден од Христовото воскресение.
OhridNews