Во Полициската станица во Струга, вчера во 20 часот, 37-годишно лице од Скопје пријавило дека истиот ден околу 15.00 часот во Струга, во куќата во која престојувал заедно со неговото семејството, 39-годишен скопјанец извршил полови дејствија над неговата 15- годишна ќерка.

Од страна на полициски службеници скопјанецот бил пронајден и приведен во полициска станица, при што било констатирано дека се бара за издржување на казна затвор.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

OhridNews